Ни „Д“ од дерби – Борец го прегази Превалец!

фото: ФК Превалец

Лидерот во Третата лига Југ, Борец, продолжува со доминантни партии откако запиша убедлива победа од 0:4 на гостински терен над директниот конкурент за првото место Превалец и дополнително се зацврсти на првата позиција на табелата. На полувреме беше 0:2, а Борец доминираше во текот на целиот натпревар.
Со новите три бода, Борец сега има вкупно 55, додека директниот конкурент за врвот, Превалец, останува на 49 бодови, што значи дека разликата се зголеми на значајни +6 во трката за првото место и пласман во баражот за Втората лига.
Дерби натпреварот остана само на хартија, а Борец гази кон Втората лига!