Несовесни граѓани ја претвораат штипската улицата Иво Лола Рибар во депонија, жителите реагираат

Расфрлан отпад, градежен шут, ѓубре и стар мебел – ваква е моменталната слика на улицата Иво Лола Рибар во Штип, која преку ноќ ја загадуваат несовесни граѓани. Жителите велат дека некогаш оваа улица важела за една од најуредните во Штип, а денес е се, само тоа не. Како што истакнаа пред камерите на М-Нет телевизија, ваквата состојба е резултат на домашната култура, која кај дел од граѓаните воошто ја нема. Многуати велат дека забележуваат како губрето дури од кола го фрлаат по улицата, по штоа таа се претвора во депонја. Како и за останатите случаи и овде тие бараат само казни за да се спречат ваквте појав, кои можат да чинат многу.

Од штпското ЈП Исар за ваквиот случај апелираат граѓаните свесно да постапуваат, да не оставаат ѓубре, градеже шут и друг вид на отпад на јавни површини. Додаваат дека одговорноста кон заеднчкиот простор е оговорност на сте граѓаните

Дополнително жителите стравуваат дека од ваквите појави е можно да се појават бактерии штетни за целата средина, имајќи во предвид дека од овде секојдневно поминуваат и возрасни и помлади граѓани.

Иван Митев, М-Нет