Немили настани во Каменица, нападнати гостите: Биле присутни само пет полицајци!

ФОТО: Телевизија М Нет | АРХИВА

Натпреварот меѓу Каменица Саса и Скопје од последното 15. коло на есенската полусезона во Втората лига ќе има „трето полувреме“, откако во 71. минута од натпреварот гостинските фудбалери биле нападнати од неофицијални лица кои влетаа на теренот.

Во 71. минута од мечот неофицијални лица кои влегле на теренот го нападнале голманот на Скопје, Гоце Јовчев, додека го напуштал теренот откако претходно доби црвен картон, а потоа биле нападнати и останатите гостински фудбалери, по што екипата на Скопје се повлече во соблекувалните, а мечот беше прекина на 1:1.

Дополнително, на мечот имало само пет полицајци, за што и било побарано дополнително полициско засилување, но по чекање од 30 минути не пристигнало, а со тоа и немало услови мечот да продолжи.

„Натпреварот е прекинат во 71. минута поради влегување на неофицијални лица во теренот за игра каде што беа нападнати играчи на гостинската екипа. Од страна на делегатот беше побарано појачување од МВР и дополнителни полициски службеници поради обезбедување на услови за продолжување на натпреварот. На натпреватот беа присутни само 5 полицајци. По чекање од 30 минути не стигна побараното појачување, а натпреварот не продолжи поради немање безбедносни услови. За инцидентот земени се соодветни изјави од МВР. следуваат дополнителни изјави од судиите,“ се вели во примедбите на делегатот на официјалниот записник од мечот.

Натпреварот се играше без присуство на гледачи, но повеќе од јасно е дека ќе следуваат дополнителни казни за Каменица Саса поради многу организациони пропусти.

Александар Ванев, М-Нет