
Целосна забрана за пушење цигари во ресторани, кафулиња и автомобили, новиот предлог закон ќе воведе построги правила за заштита на здравјето на граѓаните. Како што информираат од министерството за здравство целта на подготвеното законско решение е намалување на изложеноста на чад и спречување на нови генерации зависници. Граѓаните на Штип силно го подржуваат овој чекор на Владата, надевајќи се дека ќе се стави крај на овие појави.
Како што посочуваат граѓаните со овој закон пред се ќе се заштитат децата од една страна, кои до сега беа често изложувани на вакви ситуации, а потоа и останатите граѓаните од друга страна.
Пушењето, според одредбите на законот, ќе биде забрането дури и на терасите на кафеаните, доколку тие не се целосно отворени од најмалку три страни, пишува во предлог законот.
Забрана ќе има и за пушење во автомобил, во присуство на дете, на автобуски и железнички станици, на пазари и во редица други институции и на јавни простори.
Иван Митев, М-Нет