Нема откуп на оризот во кочанско, цената на оризовата арпа драстично намалена, можни се нови протести

Оризот во кочанско и понатаму стои во амбарите на земјоделците, откупувачите драстично ги намалија откупните цени на оризовата арпа. Оризопроизводителите разочарани, велат цената на арпата е намалена и за 10 денари споредбено со реколтата од 2024 година.

„Имаме нефер однос од страна на откупувачите на оризова арпа, цената нагло се движи надолу. Еве например во 2024 година имавме откуп на арпа и по 30 денари, а сега се откупува и по цена од 20 денари.“ – вели Ташоски.

Од друга страна дождовите прават проблем, па не се гледа крајот ниту на жетвата. До сега ожнеани се 50% од нивите, а ќе се жнее до крајот на годината. Трогаш може да се види квалитетот на оризот.

„Квалитетот на оризот е ист, дури кај некои полиња имаме и подобар квалитет, оти трае жетвата уште“ – додава Ташоски.

Оризопроизводителите од кочанско најавуваат и протести доколку ваквата ситуација не се промени.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет