Нема одмор за второлигашите, веќе во вторник натпреварите од претпоследното есенско коло!

За второлигашите нема одмор – веќе во вторник следуваат натпреварите од претпоследното есенско коло на Втората лига, густ распоред пред комплетирање на есенската полусезона.

На Градскиот стадион во Штип ќе се соочат Брегалница и Осогово, Скопје како фаворит ќе игра против „фенерот“ Големо Коњари, Каменица Саса ќе бара бодови пред својата публика против Беласица, а пак Новаци ќе има неизвесен предизвик против фаворитот Шкендија Арачиново, Охрид ќе го пречека Детонит Плачковица на „Билјанини Извори“.

Преспа ќе бара бодови против Слога Виница во меч каде ресенчани сакаат бодови кои ќе имаат полесна пролет, Тетекс ќе го пречека Кожуф, а пак Вардар Неготино ќе игра против Победа.

Следната сабота ќе се одиграат натпреварите од последното 15. коло на Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет