Во 2026 година, а заклучно со 27.10.2026 година, во Македонија се регистрирани вкупно 72 случаи на Западно-нилска треска, известува Институтот за јавно здравје.
• Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 67 се водат како потврдени, а пет како веројатни.
• Според место на живеење на заболените, 64 случаи се од Скопје (48 од град Скопје и 16 од општини во околина на град Скопје), три случаи од Велес (2 од Велес и еден од Чашка), два случаи од Кавадарци (еден Кавадарци, еден Росоман) и по еден случај е од Куманово, Свети Николе и Тетово.
• Регистрирани е 71 автохтон случај и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.
• Од регистрираните случаи, 53 или 73,6% се машки, а 19 или 26,4% се женски.
• Во однос на возраснаа дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 59 (81,9%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40-49, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 66,5 години (SD ± 13,0 години; min 25, max 85).
• Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените – 39 или 54,2%, е регистриран во месец август. Со почеток на симптоми во септември се регистрирани 12 случаи (16,7%). Кај 17 случаи (23,6%) почетокот на симптомите е во месец јули, два во месец јуни, а кај еден случај во месец мај и октомври.
• Сите заболени со невроинвазивна болест (70) биле хоспитализирани, 68 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и по еден во Аџибадем Систина и Клиника Жан Митрев.
o Испишани – 57 или 81,4% од хоспитализираните потврдени случаи;
o Сè уште на лекување – 1 (1,4%) од хоспитализираните потврдени случаи;
o Починати – 12 од хоспитализираните потврдени случаи;
o Просечно траење на лекување (испишани/починати лица) – 15 дена.

• Во текот на 2026 година, до 27.10.2026 година, регистрирани се 12 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на ЗНТ со леталитет од 16,7% од регистрираните потврдени случаи.
o Единаесет починати лица се од машки, едно лице од женски пол;
o Возрасна дистрибуција – просечната возраст изнесува 71,3 години (SD ± 6,5 години; min 61, max 83);
o Починатите лица се од Скопје (10), Росоман (1) и Куманово (1);
o Сите починати лица биле хоспитализирани;
o Кај единаесет починати лица се регистрирани коморбидитети.
o Дијагнозата е потврдена со серолошко испитување на ликвор.
• На 11.08.2026, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на Западно-нилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.
Во текот на изминатата недела (21-27.10.2026), пријавено е едно ретроградно пријавено испишано лице. Не се регистрирани новопријавени случаи на ЗНТ, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Текстот Нема новопријавени случаи на западнонилска треска во изминатата недела, според последниот извештај на ИЈЗ е превземен од МАКФАКС.