Нема лекарска грешка за случајот со родилката Станка од Струмица, вели стручната комисија

Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката Станка од Струмица, кај која по породувањето, остана неподвижна. Како што инфомираат од Министерството за здравство,

Ова е заклучокот на Комисијата за надзор над стручната работа, која го заврши надзорот над лекувањето на пациентката во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и Клиниката за неврологија во Скопје.

Петчлената комисија е составена од експерти по гинекологија, анестезиологија, неврологија, неврохирургија и радиологија, а во неа учествувале и двајца експерти од Србија и Словенија.

Според експертите, анестезијата е дадена во долниот дел на ’рбетот, а промената во ’рбетниот мозок е значително повисоко

По породувањето, пациентката била отпуштена без невролошки симптоми, кои се појавиле неколку дена подоцна.

„Анестезијата е дадена во долниот дел на ’рбетот, а промената во ’рбетниот мозок е значително повисоко. По породувањето пациентката е отпуштена без невролошки симптоми, кои се појавиле неколку дена подоцна. Најверојатна причина, според експертите, е спонтано крварење од ретка малформација на крвните садови.

Комисијата препорачува дополнителна дијагностика за конечно утврдување на причината и продолжување на рехабилитацијата.“, велат од министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека остануваат во контакт со пациентката и нејзиното семејство и дека ќе продолжат да ја поддржуваат во понатамошното лекување и рехабилитација.

Иван Митев, М-Нет