Неизвесно во врвот на Суперлигата, борба за плеј-оф, Радовиш е на дното

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

По 13 одиграни кола во ракометната Суперлига на Македонија во машка конкуренција неизвесно во врвот од табелата.

Алкалоид е на врвот со 24 бодови на своето конто, колку што има и Вардар кој е на второто место. Шампионот Еурофарм Пелистер е трет со 22 бодови, а пак Охрид е на 4. место со 20 бодови.

Неизвесно ќе биде околу местта за плеј-оф, борба на четири екипи за петтото и шесттото место на табелата. Бутел е петти со 14 бодови, Тиквеш е шестти со 13 бодови, Прилеп е седми или веќе надвор од зоната за плеј-оф со 12 бодови, а пак Пролет е осми со 11 бодови.

Овие екипи екипи ќе се борат за последните две места во плеј-офот.

Веднаш драстичен пресек на табелата и екипи кои сигурно ќе играат во плеј-аутот и ќе разигруваат за опстанок. Куманово е деветти со шест бодови, Бисинов е десетти со пет бодови, Струга е претпоследна со четири бодови, а на дното е Радовиш со еден бод, како единствен тим кој нема триумф.

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 14. коло.

Александар Ванев, М-Нет