
Недела неработен ден за граѓаните во нашата од 1 октомври годинава треба да стане практика, откако овој предлог Закон беше усвоен на 77 Владина седница. Се предвидува недела да биде ден за неделен одмор, но секако има и исклучоци. Според „Гласен текстилец“ Штип кои за недела неработен ден се бореа многу оддамна, ова сега е продавање магла.
„Недела неработен ден сметам дека е само продавање магла. Не е недела неработен ден, значи ќе биде работен ден и тоа за многу дејности дополнително што нема автентично толкување кои се тие помошни придружни дејности, може да произлезат уште 100 од нив и фактички ќе биде легално прекршување на работничките права“ – истакна Кристина Ампева, „Гласен текстилец“.
Според Гласен текстилец вистинска борба е недела навистина да биде нарботен ден, а не да се појавуваат над 36 дејности кои ќе може да работат во недела.
Во меѓувреме од страна на Владата посочија дека оние вработените во дејностите кои ќе работат во недела ќе добиваат дневница за најмалку 50% повисока, како и слободен друг ден од неделата. Доколку одлуките од Законот не се почитуваат, ќе следуваат казни и затворање на фирми.
Лаура Стојанова М-Нет