
Не користи мобилен телефон додека возиш е еден од апелите кој секојдневно може да се слушнат, но колку тоа се практикува на дело? Современиот живот не може да се замисли без оваа технологија, ама неговата употреба во собраќајот и патиштата може да е причина за несакани последици. Се вози брзо, а се користи истовремено телефон, велат граѓаните на Штип и согласни се дека се потребни некакви превентивни мерки
“Мислам дека користат и сигуно е наштетно, не пазат и не знаеш кој ќе ти се јави на телефонот, а ти се јавуваш и возеш во исто време, младите се работат они. Ќе се занесат во телефонот и лошо е се, додатно на колата се е лошо, било што да е, се е лошо, не пазат за напред на гледаат., лево десно, треба да гледаш шофер си“
“Обрне му се вниманието на телефонот и може белја да направи, да се удари, да излезе од патот и така натака“
“Да користат и тоа доста е штетно. Не доста, туку многу.
Дел од граѓаните велат дека дури возат никогаш не практикуваат телефонот, дури не се ни јавуаат, а дел кажаа дека се потребни санкции од страна на полицијата за да се спречат несаканите последици
“Телефон и никако, тоа е јас пак ќе кажам ако телефонот ми ѕвони, ќе застанам или после неколку време ќе се јавам, не треба да брзаме, понекогаш секундата е во прашање“
Мислам дека треба да се биде по ригорозен во таа работа, полицијата треба да биде по ригорозна и посебно да ги санкционира тие работи“
Користењето на мобилен телефон додека управувате со моторно возило, во прв ред го одвлекува вниманието и според статистични податоци возачите кој користат вакво средство имаат 23 отсто поголеми шанси да бидат вклучени во сообраќајна несреќа, отколку другите возачи. Додека истражувањата покажуваат дека користењето на мобилен телефон за време на возење ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за четири до девет пати.
Лаура Стојанова, М-Нет