
Сезоната во македонскиот ракомет заврши со бараж натпреварот во Бутел меѓу Младост и Струга, а со тоа тимот од Богданци е последниот патник во Супер лигата за следната сезона, со што го имаме и конечниот изглед за новата сезона на елитното друштво, како и градовите каде ќе се следи Супер лига следната сезона.
Шампионот Вардар следната сезона ќе ја брани двојната круна, откако го освои Купот и првенството, Еурофарм Пелистер, Охрид, Алкалоид, Бутел, Тиквеш, Прилеп, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Куманово, Мулти Есенс и Младост. Од Супер лигата Радовиш испадна директно, а пак Струга загуби во баражот.
Супер лигата најмногу ќе биде сконцентрирана во Скопје преку Вардар, Алкалоид, Бутел, Пролет и Мулти Есенс односно пет екипи, две екипи доаѓаат од Битола, тоа се Еурофарм Пелистер и помалиот брат Еурофарм Пелистер 2, по една екипа ќе има во Охрид, Кавадарци, Прилеп, Куманово и Богданци.
За жал во новата сезона ниту една екипа не доаѓа од градовите на Истокот, Радовиш испадна од елитата, па така во ниту еден од градовите во источниот дел на Македонија нема да има суперлигашки ракомет, а прволигашкиот ракомет е застапен сега веќе во Радовиш од следната сезона, во Штип и Свети Николе.
Александар Ванев, М-Нет