
„Не може да е сирење ако е од растително масло“ – оваа порака на производителите на млеко денес гласно се слушна преку масовното потпишување на петиција против надлежните кои ја форсирале продажбата на сирење од растително масло.Поголемите производители на млеко од Штип и Карбинци ,денес реализираа средба со нивни колеги од Тетово и таму ја потпишаа предупредувачката петиција,замислена како алатка за промена на според, нив лошата состојба.
Само 12 проценти од здравото, органско сирење, путер и млеко од вкупното производство е продадено во последните 6 месеци, велат од Федерацијата на фармери, кои се изненадени од фактот дека населението во т.н корона криза наместо да праклтикува здрав начин на исхрана буквално се труе користејки сирење со стартери и штетни адитиви. Трагајќи по правно толкување на македонските закони на денешната средба е констатирано дека, во нашата држава не се почитува одлуката на Европскиот суд кој неодамна донесе пресуда со која се противи на користењето на листата на адитиви кои се употребуваат во млекарската иондустрија.
„Немај гајле, јади слободно сирење со стартер култура, природно е“
Иронично порачаа производителите на млеко кои упатија сериозни обвинувања до сите локални млекари за тоа дека го форсираат евтиното, но многу штетно производство на прехрамбени производи, кои истовремено им се голема конкуренција на реалните производители на чисто органски млечни намирници.
Не само од стопански аспект, треба да се има во предвид и толкупотребниот здравствен аспект велат од федерацијата која гласно се противи на увозот на репроматерјали за производство на т.н вештачки млечни артикли. Според најавите на присутните на денешната средба наскоро ке бидат искористени сите законски права за конечно воспоставување на ред во овој сектор.
Првичните сугестии на млекопроизводителите се адресирани до надлежните инспекторски служби за контрола на квалитет.