Пронадна уште една фирма за производство на масло од канабис

Пропадна Американска компанија со седиште во општина Велес по се изгледа направи неуспешен обид за да отвори погон за одгледување и производство на масло од канабис за медицински потреби.

Објектот со површина од 2 000 квадратни метри не е целосно реновиран како би станал вистински модерен погон во Македонија со лиценца за одгледување на медицински канабис и извоз на масло од канабис во земјите во Европа. По значителните финасиски вложувања на  сопственикот на теренот веке 8 месеци е евидентен целосен застој во изведувањето на градежните работи. Во поставените големи пластеници на локација помегу Карбинци Радање нема никаво производство а со тоа нема ниту вработување на педесет жители од овој крај.

„Само неколку земји на светот имаат законско право да одгледуваат и извезуваат медицински канабис, а сега Македонија е една од нив и тоа нас не прави нова дестинација за оваа брзорастечка индустрија“ вели за М-нет изготвувачот на проектот кој не доживеа свечено отворање.

Првичните информации за компаниата чиј еден од основачите е Македонец од Велес  кој живее во САД, се однесуваа на плановите за  производство на 20 различни производи од канабис, зависно од потребите на македонскиот и европски пазар. Се очекуваше дека првиот производ ке излезе  кон крајот на август оваа година, настан кој сепак не се случи.

Фирмата не работи затоа што нема добиено лиценца,сите инфраструктурни зафати се во застој и голема е веројатноста за препродажба на овој имот изјави за М-нет член на месната заедница од оваа општина од кој инвеститорот го купил земјиштето.

Иако од надлежните министерства истакна дека покрај оваа компанија, уште неколку фирми поднеле барање за добивање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, како и тоа дека за една од нив постапката за издавање дозвола е во финална фаза,фирмата со локација во општина Карбинци дефинитивно нема добиено таква дозвола. Според информациите на М-нет се работи за конечно отфрлање на овој обид за стопанисување и производство на канабис. Спомената фирма не ги исполнила високите европски стандарди и истата нема да добие дозвола за работа.Освен тоа за дефинитивно пуштање во производство оваа како и останатите фирми кои се занимаваат со производство на  Канабис Сатива морале да извршат уплата на 40.000евра на контото на надлежна европска комисија за проверка,која воедно ке им издаде лиценца за работа.

Но тоа во конкретниот случај не е возможно велат упатените агрономи според кои никој неможе да им се спротивстави на строгите евроски стандарди и контроли освен оние најсериозните фирми кои ке ги исполнат сите наведени барања за овој релативно млад бизнис.

Во Македонија со закон е дозволено производство и продажба од канабис во медицински цели , а досега се продадени околу 10 000 пакувања масло.