Нашинците во Австралија со полно срце и масовно ќе навиваат за Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија денес во Букурешт ќе го одигра вториот натпревар во својата група против Украина. По поразот од Австрија владее тивка, скромна атмосфера кај нашите репрезентативци кои веќе со самиот пласман постигнаа историски успех, но велат има уште два натпревари на кои се можни секакви сценарија. Ако кај фудбалерите преовладува атмосферата „затишје пред бура“, кај навивачите постои една невидена раздраганост, еуфорија радосни што барем вака фудбалерите им го истрасираа патот на Европското првенство. Локалите, кафиќите се полни и преполни со наши навивачи кои со песна, игра, ора на свој сопствен начин си ја оскажуваат радоста на очиглед на многубројните домакини кои не ја кријат радоста на македонскио фудбалски успех „шкрапајќи“ со апаратите и снимајќи со телефоните.

Секојдневно вашиот дописник одржува контакти со нашинците по светот од кои нека ми простат останатите ќе го одвојам Трајче Алексов кој на најпластичен, најоригинален и најемотивен начин ја опишува фудбалската треска во Сиднеј и во цела Австралија. Трајче Алексов припаѓа на генерацијата успешни македонски алпинисти кои веќе триесетина и кусур госини ги искачуваат високите светски врвови, на почеток со своите другари од ДПС „Лисец“ од Штип а потоа со неговиот најблизок соработник и другар австралиецот Ендрју Лог кој ги има искачено сите 14 Хималајски врвови високи над 8.000 м. а самиот, највисокиот светски врв или „Покривот на светот“- Монт Еверест кој го има искачено на два пати. И покрај временската дистанца, според Трајче Алексов нашите македонци ширум Австралија, организирано, масовно, со најразлични спортски и навивачки декор и за денес највуваат „окупација“ на најважните угостителски објекти, заеднички, во еден глас и со силно мото да навиваат со цел Македонија да победи.

Ова е толку посакуваната желба за освојување на првите европски бодови откако капитенот Горан Пандев ја даруваше македонската нација со првиот европски гол. Ќе грми, ќе ечи цела Европа, Америка и Австралија во едно грло – Македонија, Македонија….

Од Букурешт Специјално за Мнет ТВ, Драги Герасимов – Пушка