Натпревар во „спинокио“ во СОУ Коле Нехтенин во Штип, учениците со можност да ги препознаат вистинските вести

Средношколците од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип денеска се натпреваруваа во „спинокио“ друштвена игра преку помош на која учениците ги препознаваат добрите вести. На забавен начин, преку игра и дружба тие ги делат добрите од лошите вести со кои се соочени секојдневно, дали на телевизија, радио или на социјалните мрежи. Целата е децата да ги зајакнат своите капацитети за препознавање на вистинските вести, да ги унапредат своите вештини и на тој начин да придонесат за медиумска писменост.

„Тоа е друштвена игра која се вика „спинокио“. Целта на таа друштвена игра е преку забавен начин учениците да ги селектираат добрите од лошите вести, да ги сватат лошите последици од лажните вести бидејќи знаеме дека младите секојдневно се изложени на секаков вид на вести.“ – вели Манова.

На денешниот натпревар учествуваа 16 ученика од СОУ Коле Нехтенин од прва година, а најдобрите четири ученика продолжуваат понатаму со натпреварување во Скопје.

„Овој натпревар е од Локален карактер, значи денес настапуваат само учениците од нашето училиште. Четирите најдобри ученика ќе одат на државен натпревар во Скопје, бидејќи се вклучени осум средни училишта од цела држава.“ – додава Манова.

Играта „спинокио“ е интересна и за учениците. Велат дека преку игра се дава можност за логично размислување со што се подобрува нивното знаење и можност за разликување на вестите.

Овие проектни активности се започнати од 2022 година, кога беа опфатени седум училиште од Скопје, Велес, Кавадарци, Гостивар и Тетово. Од годинава дел од активностите за средношколците и СОУ Коле Нехтенин од Штип.

Лаура Стојанова М-Нет