
,,Напумпани“ цени на станови, квадратот скапо се плаќа, многумина и понатаму живеат со своите родители, по три генерации, под еден покрив, во иста куќа. Повозрасни во Штип категорично велат цените се оган скапи. И додека од една страна тие помагаат на своите деца, сепак како што додаваат, реалноста е дека не е доволно. Без да се задужат во банка, невозможно е младите да се одвојат и да почнат свој живот.
Граѓаните велат, не е лесно да се извади кредит, бидејќи по зимањето, доага враќањето. Едногласни дека нема друг излес.
Според граѓаните, цените на становите порано биле достапни, а сопствениот дом можел да се обезбеди без толку големи трошоци. Сега како што велат, младите се принудени да земаат кредити што ги обрзуваат на децении, само за да имаат покрив над глава. Едногласи во нашите разговори, дека тоа е и една од пречките за да се избегне стапувањето во брак.
Иван Митев, М-Нет