
Завршува метеоролошкото лето, нема повеќе температури до 40 степени, синоптичарите децидни времето температурите опагаат. Нестабилно време со врнежи од дожд не очекува до крајот на седмицата, а особено и ветровито во четврток и петок. Како што истакна дежурниот синоптичар, Јулијана Финадоска Мишкоска, опагање на температурите ќе има во текот на викендот, со што дневната ќе биде во просек од 27 до 33 степени. Таа едногласно тврди дека највисоки температури во текот на оваа седмица ќе има во петок, во Штип до 36 степени.
,,Од утре веќе имаме претежно стабилно време. Во крајните југоисточни региони ќе има излоирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. До петок ќе имаме пораст на дневната температура, особено во четврток и во петок, кога дневната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Ќе биде и доста ветровито, особено во четврток и петок. Веќе во деновите од викендот повторно ни следува променлив период, облачно сончеви периоди, ќе има и услови за дожд и грмежи, а со тоа и опагање на дневната тмеперратура. Веќе во деновите од виекндот од 27 до 33 степени.“, рече Фиданоска-Мишкоска
Стабилчно време не очекува од следната седмица, потенцираше Фиданоска-Мишкоска, вели дека дека во Штип дневната температура ќе биде до највисока 34 степени.
Инаку, како што дополнително истакнуваат метеоролозите, заклучно со овие променливи температури завршуваат пеколните температури. До крајот на месец август времето ќе биде доста променливо, а во текот на месец септември, времето ќе биде со идентичн температури, кои нема да го надминат просекот.
Иван Митев, М-Нет