Напредок со висока победа против Љуботен, Речица и Зајази ги поделија бодовите

Денес беа одиграни два од четири натпревари во Третата македонска фудбалска лига – Запад. На градскиот стадион во Кичево некогашниот прволигаш Напредок со високи 3:1 славеше победа над Љуботен.

Домаќинот на полувреме имаше гол предност откако Жарко Силјаноски во 21. минута постигна гол за 1:0 на полувреме.

Во вториот дел Андреј Савески постигна гол за израмнување во 53. минута за 1:1 и со тоа го врати Љуботен во игра и за освојување на целиот „плен“. Во 72. минута Малдено Котевски го врати водството на Напредок од 2:1, а веќе во 83. минута Никола Аврамовиќ ги постави конечните 3:1.

Речица и Зајази ги поделија бодовите откако одиграа 1:1 на теренот во Голема Речица. Двата погодоци беа постигнати во вториот дел. Шабан Ќерими во 56. минута постигна гол за водство на Зајази од 0:1, но радоста траеше до 63. минута кога Премтим Јакупи постигна гол за конечни 1:1.

Утре се играат останатите два натпревари. Новајлијата Џепчишти ќе игра со Дрита, а пак фаворитот Влазерими ќе игра дома со Камјани.