
,,Направи добро дело“ е новата и трета по ред крводарителска акција на извидничкиот одред Еквинокс Штип, која денес се одржува во дом на млади. Целта на денешната акција е да се покаже хуманоста и добрината со основната идеја да се спаси нечии живот. Од извидничкиот одред велат дека крводарувањето се одвива во најдобар ред и се задоволни од излезеноста на граѓаните, кои имаат хумано срце.
“По повод 22 февруари, денот на извидниците имаме кампања под мотото направи добро дело, меѓу кое и крводарителска акција, која во нашиот град е трета по ред. Се надеваме дека ќе биде доста успешна и ќе имаме посетеност. Според тоа каква е моментално ситуацијата можеме да кажеме дека добро се одвива и имаме хумани граѓани, кој сакаат да донираат. Очекуваме до крајот на денот, ќе има уште повеќе дарувачи и ќе направиме едно добро дело и ќе покажеме хуманост за да придонесеме и вратиме кон заедницата.“, вели Тошиќ
Денес заклучно до 18 часот во просториите на дом на млади Штип се очекува бројот на излезеност да биде поголем, а со тоа да се придонесе уште повеќе за загрозените лица.
Инаку, оваа акција има за цел да поттикне што поголем број граѓани да даруваат крв и да придонесат кон добро здравје и благосостојба на лицата на кои што истата им е неопходна.
Иван Митев, М-Нет