Наместо дозвола за градба штипјанецот Љупчо добил опомена, револтиран бара правда

Си дошол од печабла со тенденција да ја прошири родната куќа во населба Баби во Штип, ама дозвола за градба не добил и овојпат. Љупчо од Штип неколкупати до сега се обидува да добие дозвола за градба од Општината ама како што вели пред камерите на М-Нет телевизија секојпат одговорот бил ист, немал право бидејќи нака наложува Урбанистичкиот план. Ама за разлика од него неговите соседи ги прошириле своите куќи и дворови.

„Неколкупати барав да ми се одобри одобрение од Општината да ја доградам куќата, да ја средам. Сум немал право бидејќи не била во Урбанистички план, а тие каде што им текне во нивните дворови градат. Што сме ние печалбарите, да не смееме една музика да пуштиме. Јавно го барам сега градоначалникот и инспекцјата на лице место да се излезе, јавно сега. Дошол сум после толку години во мојата куќа и некој да ми се заканува по живот.“ – вели Нушев.

Револтиран од настаната ситуација денеска правда побара во Општина Штип, средба со градоначалникот Јорданов како и со градежните инспкетори. По неколку минутно талкање по општинските ходници оствари средба со градежниот инспектор, но не и решение на неговите проблеми.

„Да се преземат мерки, цело маало што е изградено, да се сруши одма, одма, без разлика која политичка партија е“ – додава Нушев.

Средбата со градоначалникот денеска не беше остварена бидејќи Љупчо не беше примен во кабинетот на Јорданов, па му соопштија дека средба може да се оствари во среда. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија Јорданов потврди дека средбата ќе биде остварена.

Лаура Стојанова М-Нет