Намален бројот на хоспитализирани ковид – пациенти во Штип, починало едно лице од Кочани

Намален бројот на хоспиталиизрани ковид – пациенти во штипската клиничка болница. Имено, потреба од болничко лекување моментално имаат 36 пациенти од кои, 33 во модуларната ковид – болница и 3 на Кожното одделение, кое работи како ковид – оддел. Во последните 24 часа новопримени се четири пациенти, а исто толку и испишани. Од хоспитализираните, 26 имаат потреба од кислородна поддршка, а вакцинирани се 12 лица. Во последното деноноќие битката со невидливиот непријател ја изгубило едно лице на 90 годишна возраст од Кочани.

Во кочанската блница, пак, ковид – ситуацијата идентична како и вчера. Хоспитализирани се вкупно 11 пациенти од кои, 6 се на кислородна поддршка и исто толку се вакцинирани. Во последните 24 часа нема ниту испиашни, ниту новопримени пациенти, а истовремено нема ни починати лица, информираат од болницата.

Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.299.826 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478, бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи изнесува 12.149.

Лаура Стојанова М-Нет