28 слободни места на ковид – одделите во Кочани и Штип покажува денешната ковид статистика. Намален е бројот на хоспитализирани и во штипската и во кочанската болница. Во Штип хоспитализирани се 54 пациенти. 40 се во модуларната ковид – болница, 6 на Кожното одделение и 8 доаѓаат во дневната болница. Од хоспитализираните, скоро 70%, односно 37 пациенти се со потешка клиничка слика и се со кислородна поддршка. Вакцинирани се 11 заразени пациенти. Направени се 53 амбулантски прегледи. Оздравени и испишани се 7 пациенти, но регистрирани се и 7 нови приеми. Во модуларната болница има 6 слободни места, а на Кожното одделение – 4, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани, пак, оздравени и испишани се 6 пациенти, а нови приеми нема. Во моментов хоспитализирани се 9 пациенти, но половина од нив, односно 5 пациенти се со потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка. На Интерното одделение, кое работи како ковид – оддел, има 18 слободни места, информира директорот на кочанската болница, Александар Серафимов. Починати нема ниту во кочанската, ниту во штипската болница.
Според информации од МЗ, во последните 24 часа регистрирани се 491 нов случај на Ковид – 19 од направени 3.747 тестирања. Од нив, 26 се во Штип, 8 во Кочани, 5 во Берово, 3 во Пробиштип, 2 во Виница и 1 во Делчево. Починати се 16 лица, сите во болнички услови.
Од оздравените 416 пациенти, 12 се од Штип, 10 од Кочани, двајца од Пробиштип и еден од Македонска Каменица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113. Бројката на оздравени пациенти е 169.116, починати се 6.511 лица, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.
Ребека Спасова МНет
