Над 470 средношколци во Штип ќе полагаат државна матура, 104 ученика ќе полагаат завршен испит

Во тек се подготовки за државна матура во училиштата во Штип. На ниво на општина се пријавиле 475 ученика кои ќе полагаат државна матура, 104 ученика кои ќе полагаат завршен испит и тројца ученика кои ќе полагаат училишна матура. Со помош на државната матура се следи квалитетот во средното образование, вели Санева со што се прави на еден начин селекција на учениците за понатамишниот образовен процес.

„Во гимназијата се пријавиле 144 ученици кои ќе полагаат државна матура, а само тројца се пријавени за училишна матура. Во СОУ „Коле Нехтенин“ имаме пријавено 118 ученика кои ќе полагаат државана матура, 42 ученика кои имаат завршено трет степен образование, и 31 ученик со завршен испит. Во средното медицинско училиште се пријавиле 207 иченика за државна матура и 15 за завршен испит и во средното текстилно училиште се пријавиле вкупно 6 ученика за државна матура и 16 за завршен испит“ – вели Санева.

Во меѓувреме од 1 април до 15 мај средношколците треба да работат и на проектна задача, а полагањето државна матура започнува на први јули.

„Најпрво се пријавуваат проектните задачи. Полагањето ќе започне од 1 Ашрил и ќе трае до 15 мај. На 1 Јули ќе се полага државна матура, македонски јазик, а на 8 Јули се полага вториот задолжителен но изборен предмет, математика или некој странски јазик.“ – додава Санева.

Државна матура освен во јулската сесија се полага и во термини во август.

Лаура Стојанова М-Нет