
Над 160 веб страници за нелегално приредување на игри на среќа ќе бидат затворени, посочи денеска од Штип, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Наредната недела стапуваат на сила измените на Законот за електорнски комуникации со помош на кој ќе се забранат нелегалните онлај игри на среќа. Целта е да се заштитат граѓаните, односно да не оставаат свои лични документи, картички за плаќање или пак податоци од банка. Од друга страна ќе се спречи и излевање на средства од Буџетот коишто би требало да се слеат како даночна обврска.
„По анализа на Државната лотарија кои се оние нелегални приредувачи на игри на среќа ни испраќаат нас нотификација со табела на веб страници кои треба да се забранат, ние таа ја ажурираме и праќаме до Агенцијата за електронски комуникации која ја забранува преку операторите. Од испраќањето имаат три до пет дена да постапе Агенцијата и тие веб страници ќе бидат забранети. Оваа трка ќе биде постојана, темпото ќе биде две до три недели на почеток се до финално завршување на процесот да ги одвратиме граѓаните да се учесници во нелегално приредување на игри на среќа“ – вели Андоновски.
Постапката ќе се повторнува постојано, вели Андонвски. Претпоставките се дека граѓаните на 160 нелегални провајдери потрошиле над 210 милиони евра.
„Ние направивме една проба, преку 160 веб страници се детектирани дека нашите граѓани се активни на тие веб страници кои нелегално проредуваат игри на среќа онлајн. Во првиот бран ќе има повеќе од 160. Мислам дека и во секој нареден бран ќе има повеќе постапувања“ – додава Андонов.
Новите измени се работени по примерот на законот во Хрватска, земја во која биле регистрирани над 600 нелегални онлајн коцкарници.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет