Со проектот ,,Mултифункционална сала”, Општина Берово ќе аплицира на вториот јавен повик на Владата

Со проектот за реконструкција на кино салата при домот на културата во Берово, Општина Берово ќе аплицира на вториот јавен повик на владата од програмата за инфраструктура. Вкупната вредност за реализација на проектот чини 90 милиони денари, кој општината ќе ги очекува од владата. Градоначалникот Звонко Пекевски со став Берово биде вистинско туристико место.

“Oпштина Берово за вториот повик на владата од програмата за инфраструкутра ќе учествува во еден проект. Станува збор за мултифункционална сала во Берово. Инаку станува збор за реконструкција на постоечката кино сала при домот на културата во градот, а проектот го носи името проект за мултифункционална сала во Берово. Станува збор за средства од околу 90 милиони денари.“, вели Пекевски

Со ваквиот преокт, општината ќе има можност да има нова сала, која што ќе биде повеќе наменска со што ке се зголеми процнтот на настани рече Пекевски, додавајки дека истите ќе бидат корисни за граганите и посетители, имајки во предвид дека Берово е туристички град.

Инаку од првиот повик општината има аплицирано и добиено девет проекти и истите имаат склучено договори за изведувањето. Дел од тие се во фаза и на нив интезивно се работи, а дел се во почетна фаза во зависност од временски услови, кој ги дозволуваат градежните активности. Градоначалнмикот Пекевски останува со ставот до 31 јули, проектите да бидат целосно завршени.