Над 100 учесници од 15 држави беа дел од 12 Меѓунардона конференција на УГД Штип

Над 100 учесници со повеќе од 60 трудови од 15 држави денеска беа дел од 12меѓународна конференција на Правниот факултет при УГД Штип, насловена како Општествените промени во глобалниот свет.

„Најголем број на трудови имаме во секцијата право, понатаму политичка секција, медиумски науки, општествени науки и мултидисциплинарна сесија. Посебно сме горди на секцијата за млади истражувачи, чии интерес расте“ – вели Тодорова.

Оваа година освен презентација на трудови, на 12 Мѓеународна конференција се додели и титула за почесен професор.

„Правниот факултет за првпат во историјата на своето посетоење доделува таква титула од особено важење на почесен професор“ – вели Никодиновска Карстевска.

Задоволството од титулата која ја доби го искажа и професорот Каталди. Како што посочи Македонија преставува пример за успешна интегреција и имплементирање на човековите права.

„Би сакал да напоменам, особено ми е драго што присуствувам тука, што сум дел од овој процес и што сум во оваа држава. Оваа држава сега преставува и е пример за успешна интеграција и успешно ги имплементира човековите права.“ – вели Каталди.

На настанот присутните имаа можност да слуѓан говори на повеќе теми претходно подготвени.

Лаура Стојанова, Ќирчов, М-Нет