
Над 100 научници и истражувачи од 15 земји денеска се собраа во Штип на 13-тата Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. На конференцијата се зборува за актуелни теми од правото, политиката, медиумите, безбедноста, но и за сè поголемата примена на вештачката интелигенција. Главно се зборува за промените со кои се соочува современото општество и како науката може да помогне подобро да ги разбереме.
,,Oсобено задоволство ни е што имаме три главни говорници со три главни навистина актуелни теми. Професорката Јованка Јакублек Лалиќ од универзитетот од Варшава Полск, ќе зборува во улогата на правото и административното право во заштитата на демократијата во време на незинвесност. Професорката Хелда од универзитетот во Осиек, ќе се обрне за вештачката интелегенција во образованието и на прашањето како таа може да се користи како алатка за унапредување на наставата и критичкото размислувањ. И нашиот трет главен говорник проф. Еси Чу од САД, кој ќе зборува за меѓународната соработка во развојот на наставни програми за истрага на сајбер криминал. Темите на конференцијата се многу различни од правото до вештачката интелегенција, медиумите, политиката. Горди сме што веќе 13 години по ред оваа конференција создава простор за научната дискусија, размена на идеи и поврзување на истражувачите и токму тоа е нејзината најголема вредност, да не останеме на констатирање на промените кои што се случуваат, туку преку науката и дискусијата подобро да ги разберемее и да ги пренесеме до пошироката јавност.“, вели Тодорова
За важноста на меѓународната соработка и за примената на вештачката интелигенција во образованието, денеска зборуваа и професорки од Полска и Хрватска. Тие велат дека соработката може да се унапредува, а вештачката интелигенција да се користи како помош во образованието.
,,Македонија се соочува со многу предизвици, мегутоа Македонија е многу важен партенер особено во рамките на НАТО алијансата и соработките кои што ги имаме веќе долги години и навистина истиите тие соработки може да се унапредуваат во иднина и да го подигнат нивото на разој насекаде низ Европа, па вклучително и во Македонија.“, вели Јакублек
,,Ние како наставници мораме да ги вметнеме алатките на вештачката интелегенција во правното образование, но не ја намалува улогата на учителот и мое мислење е дека чител сега е многу повеќе важен, отколку порано во секое образование, а поготово во образованието на правниците. И денес ќе покажам зошто на мене ми е важно да објаснувам зошто тоа може само да го направи човекот, а тоа не можеме да го препуштиме на вештачката интелегенција.“, рече Шпадина
И професорот Тим Кејси од Америка на конференцијата кажа дека вештачката интелигенција не ги решава случаите сама, туку главно помага во насочувањето на истрагата. Со нејзина помош, многу полесно можат да се откријат и докажат кривични дела како трговија со дрога и незаконски трансакции.
,,Вештачката интелегенција може да помогне да ја насочи истрагата да обезбеди докази за например незаконски трансакции, за трговија со дрога и сл, значи помошта е во насочување на истрагата.
Конференцијата продолжува и утре, со нови предавања и дискусии на актуелни теми од општествениот живот.
Иван Митев, М-Нет