
„Нема подобра завршница за крај на репрезентативната кариера на натпреварот против една Холандија, откако го остварив мојот сон за настап на Европско првенство.Ова е вистинскиот момент да се опростам од репрезентативниот дрес со надеж дека ќе ја повториме добрата игра од вториот дел со Украина и заеднички да се радуваме на поволен резулат.“

Веднаш по него свој последен настап како селектор на македонската репрезентација најави Игор Ангеловски не сакајќи да посочи некоја нова функција или дестинација. За своите „одработени“ пет и пол години Игор Ангеловски нагласи дека постигнал добар успех со господинот до него алудирајќи на Горан Пандев и на останатите играчи нагласувајќи „каде беше Македонија на ранкинг листата кога ја презел функцијата а каде е сега“.

Денешниот тренинг мина во интересна, растеретена и релаксирачка атмосфера која се очекува да експлодира на утрешниот меч против Холандија во која сите се со желба да одиграат што може подобро и мотивирачки поради овие најнови настани. Натпреварот Холандија – Македонија ќе се одигра во понеделник 21 јуни 2021 на Јохан Кројф арената во Амстердам со почеток во 18.00 часот.

Од Амстердам Специјално за Мнет ТВ – Штип, Драги Герасимов – Пушка