На сто годишнината од смртта на Тодор Александров, поставено спомен обележје во родното Ново Село

Со свечена церемонија, коњаници и панахида одбележана сто годишнината од загинувањето на еден од најголемите борци Тодор Александров. На неговата 100 годишнина од смртта по иницијатива на патриотското здрушение „Мише Развигороф“ и со одлука на совет во штипско Ново Село е поставен споменикот кој што ќе го продолжува неговото дело, вели Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.

„По иницијатива на патриотското здружение „Мише Развигоров“ и со одлука на совет на 100 годишнината од убиството на Тодор Александров во неговото родно Ново Село е поставен овој споменик, кое што го продолжува неговото дело. Сум сигурен дека целта на убиството пред 100 години е била да згасне идеата за независна суверена Македонија, после 100 години го продолжуваме делото на Тодор Александров со поставување на ова спомен обележје но и идејата за Маекдонија. Нека му е вечна славата и борбата за Македонија нека продолжи. “ -изјави Јорданов

Пандов додава дека Александров е еден од најголемите македонци, а тој вели дека по Гоце Делчев или рамо до рамо до него е и Тодор Александров.

„Еден од најголемите макеоднци, а јас секогаш велам дека после Гоце Делчев или рамо до рамо со големиот Гоце Делчев е Тодор Александров. На 100 годишнината добива спомен обелејжје тука во Ново село. Срамота е што досега не сме го направиле ова. Но да пофторам благодарност до градоначалникот Јорданов што сега го имаме Тодор Александров во Ново село во местото на неговот раѓање.“ – изјави Панов

Александар Пандов додава дека доколку не би постоел Тодор Александров и таквите борци како него, ние не би се нарекувале Република Македонија, затоа ние како макдеонци да бидеме горди и сегашните и идните генерации да ги учиме дека треба да се гордеат со нивните дела.

„Денес сме собрни да му оддадеме чест на еден од најголемите макеоднци и еден од најголемите водачи на историското ВМРО, Тодор Александров. Тој е човек кој што кога сите мислеле дека македонската идеја е умрена успева да го обнови македонското прашање и кога сите мислеле дека Македонија треба да биде управувана од други, тој изјавува дека Македонија е само на македонците и не може да биде управувана ниту од срби, ниту од бугари, ниту од грци. Исто така денес одбележуваме и 30 години од поставување на спомен обележјето на Тодор Александров во штипско Ново Село, но во таа чест денес се поставува и споменик на Тодор Александров во штпско Ново Село.“ – изјави Ефтимов

Игор Ефтимов по завршувањето на панахидата во штипско Ново Село исткна дека Александров е човекот кој успева да го обнови македонското прашање, кога сите мислеле дека Македонија треба да биде управуваа од други.

Лаура Стојанова, М-Нет