
На регионалните натпревари во футсал во машка конкуренција, за основни и средни училишта од Источен регион, фудбалерите на ООУ „Димитар Влахов“ и СОУ „Славчо Стојменски“ го освоија првото место.
Ова е голем успех и за двете штипски училишта, кои после овие резултати, се стекнаа со право на учество на државно првенство и спортската Гимназијада во друштво на најдобрите екипи во Македонија.
Учениците од ООУ „Димитар Влахов“ од Штип во полуфиналето со 4:1 го совладаа ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово, додека пак во финалето штипски ученици со минимални 1:0 беа подобри од „Браќа Миладиновски“ од Куманово.
Овие регионални натпревари се одиграа во Велес во Спортската сала „Гемиџии“.
Александар Ванев, М-Нет