На местото на Карго Аеродромот во Штип ќе се гради најголемиот фотоволтаичен парк во Западен Балкан

На местото каде што требаше да биде Карго аеродромот во Штип ќе се гради најголемиот фотоволтаичен парк во земјата. Соларниот парк Стипион ќе се простира на територија на Штип и Свети Николе, а станува збор за фотоволтаична централа која треба да произведува 400 мегавати електрична енергија, и ќе биде најголем во Западен Балкан.

„Убедени сме дека изградбата на соларниот парк ќе го завршиме во 2027 година. Неговата изградба ќе трае од 12 до 18 месеци“ вели Рамбер.

Славе Ивановски експерт за енергетска политика забележа дека оваа сончева централа ќе придонесе и на намалување на увозот на електрична енергија.

„Оваа централа е од 400 мегавати и мислам дека ќе биде доволно за еден град со 30.000 до 40.000 жители, ќе придонесе за снабдуваањето и сигурноста на системот во државата, но и ќе придонесе за намалување на увозот на електрична енергија, што е и клучно прашање“ изјави Ивановски.

Студентите од неколку факултети,при УГД Штип ќе имаат практична настава при поставување на фотоволтаици, но и одгледување на земјоделски производ.

„Студенти ќе бидат вклучени во конкретни активности, и во поставувањето на самиот парк , но и во изградбата на нивните станиц“, изјави Мишко Џидров, проректор за настава на УГД-Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната интерактивна работилница додаде дека Штип станува лидер во искористувањето на зелената енергија.

„Штип во последно време прераснува во енергетски центар, заради природниот потенцијал што го има, а тоа е сончевите денови, присуството на ветер. Најавени се многу инвестиции во обновливи извори на енергија“, рече Јорданов.

Инвестицијата за изградбата на соларниот парк „Стипион„ е предвидено да чини околу 300 милиони евра.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет