На Меморијалниот турнир во Мал Фудбал „Влатко Петров“ ќе настапат 8 екипи, финалето на 2 август

Меморијалниот турнир во Мал Фудбал „ Влатко Петров“во Чардаклија годинава ќе се одржи со учество и настап на 8 екипи. Ждрепката е веќе извршена, екипите се одредени во две групи од по 4 екипи и турнирот ќе започна утре,среда 21 јули со одигрување на два натпревари. По два натпревари ќе се одиграат и во четврток, петок како и следниот понеделник, вторник и во среда со почеток на сите натпревари од 19.00 и 19.50 часот. Полуфиналните средби ќе се одиграат во сабота 31 јули во истиот вечерен термин, а финалниот натпревар по кој ќе следи и церемонијалот на доделувањето на награди ќе се одржи на 2 август со почеток во 10.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk