
Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип на 1 лице му е издадено Решение за изолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 42 контроли над лица во изолација и 255 контроли над лица во самоизолација. Констатирано е едно непочитување на Решение за изолација.
Забраната за движење не ја почитувале 35 лица, од нив приведени се 15 лица од кои едно малолетно и 5 лица се опоменати. Контролирани се вкупно 162 објекти.