На езерото Мавровица се одржа турнир во спортски риболов за глуви и наглуви лица, Мустафа Велиов го освои првото место

На езерото Мавровица кај Свети Николе, вчера, се одржа турнир во спортско-рекреативен риболов, во организација на Здружението на глуви и наглуви од Штип.

Натпреварувањето се одвиваше во дисциплината пливка, а учесниците имаа можност да ги покажат своите риболовни вештини, трпеливост во обидот за што подобар резултат.

Мустафа Велиов го освои првото место, со што се закити со побендичкото признание на турнирот. На втората позиција се пласираше Жарко Михајловски, додека третото место му припадна на Ненад Милослајевиќ.

Покрај натпреварувачкиот карактер, турнирот имаше и значајна спортско-рекреативна и општествената димензија, промовирајќи ги дружењето, меѓусебната почит и еднаквите можност за учество во спортските активности. Организацијата на вакви настани претставува позитивен пример за вклучување на глувите и наглувите лица во спортот, но и поттик за понатамошен развој и популаризација на спортскиот риболов.

Александар Ванев, М-Нет