На денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ, се бара одговорност од надлежните за недостигот на тестови за Ковид 19

ОК НА ВМРО ДПМНЕ денеска излезе на прес со обвиненија до власта. Пандемијата не стивнува, колони граѓани чекаат ред да бидат тестирани, а тестови нема.  И наместо обвиненијата да се редат врз непослушноста на граѓаните, од ВМРО ДМПНЕ бараат обезбедување на потребните тестови за Ковид 19.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ очекуваат да се одговара за ваквата ситуација во време кога се знаеше дека бројките од Ковид 19 рапидно ќе се зголемуваат. Се апелира до надлежните проблемот да се надмине и да се преземе одговорност.