На врева, галама, неподнослива миризба од запршки и јадење, се жалат станари во Штип, замолуваат за почит кон куќниот ред

На врева, галама, неподнослива миризба од запршки и јадење, лоша хигиена се жалат мнозинство анкетирани граѓани кои што живеат во станови во Штип. Секој стамбен објект на самиот влез има испишано свој куќен ред, кој како што велат анкетираните не се почитува. Вечерните часови се особено тешки бидејќи поради големата врева станарите велат дека не можат око да склопат. Во влезот се чувствува исклучително непријатна миризба, од која како што велат тие се справуваат со плаќање на агенции за чистење.

„Па мириса, како нема да мириса, нормално, се готви. Штом треба да се јаде ќе готват. Некој музика пуштил, некој тропа, нали деца.“

„Штом повеќе фамилии има, повеќе врева ќе има. Епа тие што готват, ако е отворен прозорецот нормално ќе мириса.“

„Мириса, не се отвараат ниту врати ниту џамови.“

Но друг дел анкетирани граѓани, велат дека плаќаат поскапо, а со тоа добиваат подобри хигиенски услови во ходниците во стамбените згради . Истакнаа дека приватни агенции нудат подобри услови за разлика од тоа сами да треба да се гРижат за хигиената.

„Хигиената е добра, си плаќаме агенција. Месечно оклу 500 денари.“

„Чисто е кај нас. Чистат кај нас, си плаќаме колку треба.“

Повозрасните од терен добронамерно замолија, станарит, ососбено помладите да го почитуваат куќниот ред и мир во зградите, се со цел поголема култура и услови за живот и за едните и за другите

Иван Митев, М-Нет