
Неизвесно, потешко и поскромно живеат штипјани по поскапувањето на нафтата и цените во маркетите, кои, како што велат, забележително се зголемија во последниот период. Велат дека секојдневните трошоци сега се поголеми и тоа силно го чувствуваат во нивните џебови. При крајот на март, децидни се дека ситуацијата им го отежнува секојдневието.
Анкетираните од терен, велат ваквата ситуација од друга страна им создава стрес, нервоза, бидејќи постојано им е во мисла прашањето – ќе се помине ли месецот?
Инаку, нафтата во моментот е 95,5 денари за литар, а на некои бензински пумпи се среќа и по 92,5 денари. Бензинот бс 95 чини 86,5 денари за литар, а цената на безинот бс 98 88,5 денари, исто за литар. Ваквото зголемување на цените на нафтата и нафтените деривати е одраз на воениот конфлик во блискиот Исток.
Иван Митев, М-Нет