
На 26 септември ќе се одржи јубилејното 30 издание на фестивалот за деца „Весело Штурче“ во Штип. Традиционално како и секоја година фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура „Ацо Шопов“ со две изведби во 17 часот пред премиера и премиера во 19:30 минути. Од втори септември влезниците ќе бидат пуштени во продажба по цена од 250 денари.
“Ова ќе биде јубилјено 30 издание на фестивалот, фестивалот се одржува традиционално како и секоја година втората половина на септември, овде во домот на културата „Ацо Шопов“ Штип, истакна Волчевски
Со 21 нова композиција ќе блесне детската цена во домот на културата, вели директорот на фестивалот Филип Стевановски. Годивана бидејќи е 30 годишен јубилеј на самиот настан ќе се навратат на 1994 годани со специјални гости и многу изненадувања.
“Ова година имаме 21 нова композиција од различни автори, каде што имаме четири композиции кои се дуети, 11 дечиња хор и четири деца бенд. Ова година е 30 години од првото весело штурче кое е одржано 1994 година, овој јубилеј ќе биде доста значаен, бидејќи ќе има гости и многу нови работи, годинава како и лани ќе се одржи во НУЦК„Ацо Шопов“ Штип.”, вели Стевановски
Гитара, бас гитара и тапани се новите инструменти кои се купени за стипендирање на три дечиња, дечиња кои се многу талентирани, но немаат финансиски средства да бидат дел од фестивалот.
“Повторно Весело Штурче добива хуманитарен карактер и од секоја купена влезница и секој купен производ од Весело Штурче тој ден и претходно, ќе се донираат за дечиња кои се многу талентирани, а немаат финансиски средства да бидат дел од фетивалот. Оваа година стипендираме три дечиња и купивме три инструменти кои се гитара, бас гитара и тапани.”, додава Стевановски
Сите подржувачи, родители, баби и дедовци кои ќе купат влезници за фестивалот ќе донираат за дечиња. Со секоја купена влезница и секој купен производ ќе овозможат на некое талентирано дете кое не е финансиски стабилно, а со голем тален да си ја исполни својата замислена желба.
Лаура Стојанова, М-Нет