Музичар од Турција купил куќа во кочанското село Тркање за да го продолжи животот во Македонија

Музичар од Турција купил куќа во кочанското село Тркање за да го продолжи идниот живот во Македонија. Четин Гјундер од својата прва посета останал воодушен од државава, па од таму се родила идејата за ваквата промена во неговиот живот. Љубовта за Македонија, тој ја опшиува посебна, додавајќи дека овде живее топол и гостопримлив народ. Моментално тој престојува во Германија, а во соработка со студио Македон Кочани тој доаѓа во Македонија за да сними албум за чии аражман е ангажиран кочанчанецот Саше Георѓиев. Тој за овој краток период научил и малку македонски јазик, но како што додава ќе продолжи да го изучува и понатаму. Неговите песни се авторски и сите имаат сегменти од турската култура. Во истите тој го опишува животот во кој како што вели тој колку и материјалост да поседувате, сепак еден ден може да немте, па останува се чистото срце и душа.

Лаура Стојанова, М-Нет