Мотоциклист тешко повреден, паднал на коловозот во Штип

На 22.05.2021 околу 15.30 часот во Штип на ул.„Сремски фронт“, С.М.(57) од Штип кој управувал мопед „APN-6“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола над мопедот, и паднал на коловозот. По незгодата на С.М. во Клиничката болница Штип му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.