Монахот Павел од рилскиот манастир Св. Јован, ќе подари чудотворна икона за настраданите во Македонија

Монахот Павел од манастирот Св. Јован рилскио во Бугарија, ќе подари чудотворна икона посветена на Покров на Пресвета Богородица, во народот познатата покровита Богоридца за спомен и сеќавање на загинатите деца во трагедијата во кочанската дискотека. Иконата ќе биде дарена на МПЦ, која што ќе биде поставена во некој храм во градот Кочани на која што верниците ќе имаат можност да се поклонуваат и да се молат за здравје и спасение.

“Бог да ги прости невино загинатите деца од Македонија, и светла да им е паметта!
Јас сум служам во Рилскиот манастир и имам обеќана икона на Богородица “Покровита”, која е и како спомен во сеќавање на загинатите деца од Македонија.
Иконата ќе биде дарена на Македонската Православна Црква, која ќе се постави во некој храм во градот Кочани за поклонување и молитви за здравје и спасение.
Се надевам дека ќе се реализира овој благороден проект и ќе има длабок духовен значај.”, вели јеромонахот Павел

Инаку, Икона на застапништвото на Богородица или Посредување на Пресвета Богородица – чудотворната икона помага да се отфрлат магии, болест, штити од клетви, а молитвите им помагаат на жените без деца да забременат. Иконата го изразува „покровителството“ и „заштитницата“ на Богородица, која таа ја дава на семејството, домот и на сите христијани. Иконата е позната по многубројните чуда.

Иван Митев, М-Нет