Мозочниот удар сè почесто ги погодува младите, најмладиот пациент имал 25 години

Зголемен е бројот на случаи на мозочен удар кај младата популација, предупредува неврологот проф. д-р Елена Јовева. Најмладиот пациент лекуван во Клиничката болница во Штип имал само 25 години, додека друг пациент бил на 30-годишна возраст и имал мозочно крварење.

,,Доколку навремено ни се донесат ни е неделно, па и месечно правиме 5-6 тромболизи. Не, веќе нема сезонска граница за појава на мозочен удар, имаме континуирано пациенти. Најмладиот наш пациент е 25-годишна возраст, значи со криптоген мозочен удар, поради проблеми со срцето и сепак, навремено се реагираше, пациентката е стабилна, другиот пациент ни е на 30-годишна возраст со мозочно крварење. Месечно имаме околу 70 пациенти, приеми, исписи, меѓутоа можеме и да се пофалиме дека голем дел од пациентите завршуваат со добар исход“, истакна Јовева

Причините, како што вели Јовева, кај младата популација се генетиката и скриените фактори за кои младите пациенти не се свесни.

,,Несоодветната превенција на ризик-факторите. Тоа е причината за мозочен, кај младата популација, може да имаме генетика, и некои нели, скриени фактори за коишто пациентот не е свесен. Стресот, нервозата, може значи да доведе до мозочен удар, меѓутоа стресот ќе го покачи крвниот притисок и на крајот се добива мозочниот удар. Пак е причината ризик-факторите“, додаде Јовева

Месечно, во Клиничката болница во Штип, има околу 70 пациенти со мозочен удар, при што голем дел од нив завршуваат со добар исход од лекувањето.

Ева Тушевска, М-Нет