
Третата македонска фудбалска лига во моментот брои пет региони, од нив најголем и најконкурентен е северниот регион, додека пак останатите екипи одвај кубурат со екипи, најчесто од осум до девет екипи.
Изминатата сезона во Трета лига – Север настапуваа 14 екипи, во Трета лига – Запад осум екипи, во Трета лига – Исток девет екипи, Трета лига – Југ 11 екипи, а пак Трета лига – Југозапад започна девет екипи, а сезоната ја заврши со осум екипи.
Тоа што е карактеристично е дека шампионите во Трета лига немаат право на директен настап во Втора лига, туку мораат да играат баражи, а тоа го отвори и прашањето дали треба да се игра бараж или не.
Според информации до кои дојдовме веќе се размислува на прекројување на Трета лига од пет на три региони и во таков случај се отвара можноста шампионите во Трета лига да се пласираат директно во Втората лига.
Влазерими две години по ред е шампион во Трета лига – Запад и две години по ред ги губи баражите и останува во третолигашкото друштво, од друга страна Куманово оваа година го загуби баражот и како шампион одново ќе игра во ист ранг на натпреварување, а истиот случај е и со екипата на Кораб од Дебар.
Ваквите промени многу веројатно би можеле да се случат за сезона 2025/2026 односно во овој формат со пет региони да се игра и во оваа сезона.
Прекројувањето ќе значи дека некои екипи ќе го променат региони на играње и ќе настапуваат во друг регион.
Предлогот доаѓа од повеќе екипи и фудбалски работници со оглед на тоа дека веќе неколку години шампионите во Трета лига играат баражи и немаат директен пласман во Втора лига. Засега овој предлог според информации до кои дојдовме се разгледува, а останува да видиме дали нешто поконректно ќе се случи во следниот период и дали овој предлог ќе се реализира.
Александар Ванев, М-Нет