Модриот домат ,,лета“ на штипскиот пазар, се продава под цена од 50 денари

Модриот домат исчезнува од штипскиот пазар, а ајварот уште не се ниту спомнал. Гајби се купуваат со брзина како да е крај на светот. Под цена од три парчиња за 50 денари граѓаните пазаруваат, а производителите тријат раце. Од него прават традиционални пиџури и летни манџи, а за некој лесно и да го испржат. Дури се донесе на тезгите во Штип, тој не бара многу, а дека е здрав и корисен, сведочат производителите.

За да успее модриот домат на екстремно високи температури, потребно е наводнување речиси секој ден, додаваат производителите од штипскиот пазар. За оние кои што поставуваат капка систем, од оваа година поставуваат дури двојно, за да може да има производство, вакви жештини и тие не пометат.

Инаку и земјоделците од штипско се жалат дека нема кој да ги наследи. И нвните деца, надвор од границите, а тие како што истакнаа ќе работат додека имаат можност. Подоцна и нивните ниви остануваат празни.

Иван Митев, М-Нет