Мобилизација на навивачите и „окупација“ на Кавадарци: Шкендија Арачиново против Осогово во „најжешкиот“ бараж натпревар!

ФОТО: ФК Шкендија Арачиново

Утре на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одигра „најжешкиот“ бараж натпревар за влез во Втората македонска фудбалска лига меѓу Шкендија Арачиново, која е шампион во Трета лига – Север и Осогово кој како второлигаш ќе бара опстанок во Втората лига за следната сезона.

Шкендија имаше доминантна сезона на убедлив начин стигна до шампионската титула во Трета лига – Север со 23 победи, еден реми и два порази, имаат напад кој постигна фантастични 111 погодоци и најдобра одбрана која примила 9 погодоци, а притоа тимот собра 70 бодови.

Шкендија Арачиново ја оствари својата прва цел да биде шампион во Трета лига – Север, а сега оди кон втората цел, а тоа е триумф во баражот за влез во Втора лига.

Осогово како второлигаш ќе бара опстанок преку бараж во „најжешкиот меч“ овој бараж меч ќе биде вистинско дерби со спектакл од навивачите кои ќе бидат од голема важност и за двете екипи.

Осогово сезоната ја заврши на 14-тото место во Втората лига, место кое обезбедување опстанок, но преку бараж, со 29 бодови на своето конто. „Жетварите“ по лошата есенска полусезона во пролетниот дел заиграа далеку подобро, но сепак на крај мораат преку бараж да го бараат опстанокот. Тимот има седум победи, осум ремија и 15 порази, а притоа постигна 29 погодоци, а прими 44 погодоци.

Навивачите на двата клуба се мобилизираа и ќе има голема „окупација“ на Кавадарци односно на Градскиот стадион. Навивачите од Арачиново во Кавадарци ќе допатуваат организирани со пет автобуси, а дополнително ќе има голем број на наввачите кон Кавадарци ќе се упатат со сопствени возила.

Навивачите од Арачиново ќе тргнат во 13 часот во Кавадарци, каде ќе дадат силна поддршка на Шкендија во единствената цел – враќање во Втора лига.

Навивачката група „Сејмени“ од Кочани се подготвува и организирано ќе замине во Кавадарци каде ќе дава силна поддршка на Осогово во битката за опстанок. Навивачите на Осогово утре ќе се соберат заедно во Градски парк и во 12 часот ќе заминат кон Кавадарци со цел да им дадат максимална поддршка на фудбалерите во нивната цел – победа која ќе значи опстанок во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет