
Многу работа, орање, прскање, наводнување за квалитетна модра слива. Во ек на сезона може да се пронајде на голем дел од тезгите по пазарите во Истокот. Ристе Ефтимов од радовишко повеќе од 30 години се занимава со одгледување на модра слива. Работи напорно за да произведе доволно и да го пласира своето производството по пазарите во штипскиот и велешкиот регион. Во однос на цената Ефтимов вели дека оваа година е исплатливо оти се продава по 80 денари за килограм.
„Да успее треба многу работа, орање, прскање, вадење. Иначе оваа година нема многу сливи. Јас сум од село Оравица, радовишко. Одам на пазарот во Велес исто нема слива. Сега се исплаќа да се работе оти килограм е 80 денари, ама кога е 10 денари не е исплатливо“ – вели Ефтимов.
Загрижувачки е фактот што се помалку има луѓе кои работат се занимаваат со земјоделие и произведуваат овошје или зеленчук. Тие се двајца и вели годинава родот е добар квалитетот исто така.
Сливите се помеѓу најстарите култивирани растителни култури од страна на човекот. Припаѓаат во истото семејство со праските, црешите, кајсиите и слични овошки, но сепак сливите во голема мера се разликуваат од нив (според вкусот и нутритивноста).
Дополнително, сливите можат да се најдат во навистина безброј форми, бои и вкусови (над 2000 различни типови).
Лаура Стојанова М-Нет