Денес во живо на М Нет: Вардар Неготино – Пелистер

Денес се играат натпреварите од 7. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност да го проследат соочувањето на „Цвај арената“ во Неготино каде ќе играат Вардар и Пелистер.

Соочување на две екипи кои силно ги посакуваат трите бодови. Вардар Неготино сака трета сезонска победа со цел да може да се одлепи од зоната за директно испаѓање, а домашниот терен и поддршката од верните „Винари“ е одлична можност за нив. Од друга страна Пелистер во Неготино ќе допатува како фаворит за трите бодови. Теренот во Неготино за битолачни ќе биде тежок, а за нив се освен победа ќе биде еднакво на неуспех.

Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Младеновски од Скопје, а преносот на телевизија М Нет ќе започне во 14 часот.