
Звукот на хармониката на младиот штипјанец Драган и симбозата на звуците од виолината и песната на младата Лина вечерва ќе одекнат на сцената на штипската едносмерна. Богата музичка програма организирана од страна на општина Штип е можност на која штипјани вечерва ќе можат да го проследат концертот на младите Драган и Лина, а по нив и „Градскиот хор 2019 Штип“, создаден од мелодиите на убавите македонски народни песни.
„На покана на Општина Штип оваа вечер настапуваме на музичкиот настан кој ќе се одржи на едносмерната улица Ванчо Прќе во Штип. Ги покануваме сите доколку се во можност и прилика да дојдат заедно да уживаме во убавините на македонските песни. Ние ке отсвириме неколку македонски народни песни со кои ќе се претставиме. Исто така после нашиот концерт, настапуваме со „Градскиот хор 2019 Штип“ под раководство на Баже Лазаревски.“ – изјави Костадинов
Со неколку народни песни ќе започне концертот вечерва на штипската едносмерна со почеток од 19:45 минути, па затоа талентираните штипјани упатуваат покана до сите кои се во можност да повелат и да го проследат концертот.
„По денешната програма ние треба да настапиме во 19:45 минути. Ве покануваме сите и ве очекуваме заедно да уживаме во македонските песни и заедно да пееме.“ – додава Костадинова
Инаку по настапот на Драган и Лина Костадинови ќе настапат и членовите на „Градски Хор 2019 Штип“ кои досега имаат настапувано и на многу места како во земјата така и во странство. Целта на градскиот хор 2019 Штип е да се негува традицијата и убавината на макеоднската народна песна, но репертоарот е проследен и со многу забавни и странски песни.
Лаура Стојанова, М-Нет