Младите пијанисти Пастоњицки од светски натпревар до лауреати во Карнеги Хол

Млади и талентирани,пијаното е нивната детска љубов. Михаел и Теодора Пастоњицки , се ученици од Државен музички центар „Сергеј Михајлов“ – Штип. Под менторство на проф.-магистер Марија Максимова, учествуваа на Интернационален он лајн  натпревар во Америка. Двајцата беа прогласени за лауреати на тој натпревар во своите категории.

Михаел Пастоњицки не очекувал вакво признание бидејќи конкуренцијата била тешка,но сепак е среќен што постигнал таков успех. Гледајќи од постапките на својот брат. Теодора го наследила неговиот талент.

Горд на своите деца, нивниот татко Ѓурица Пастоњицки вели, дека нивниот талент го наследиле од нивната мајка. Без разлика дали музиката ќе биде нивна сопатничка, тој секогаш ќе им биде поддршка.

Нивните редовни натпревари во странство секогаш биле наградувани. А ваквите млади таленти се гордост на нашата држава!

Надица Стојковска / М Нет

Благојчо Костадинов / М Нет